12/18/2014  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ИНФО

Водејќи се од сопствените инстинкти и почитувајќи ги вредностите на македонското народно творештво, особено на музичко поле, Мистер Компани од 1991 година започна со собирање народни и староградски песни од сите краеви на Македонија, со цел да ги овековечи со носачи на звук и слика. Целта е јасна, а се однесува на продолжување на македонската традиција преку старата македонска народна песна, нејзина промоција и пласман до сите краеви на светот. Како резултат на оваа идеја се изродија музичките колекции: “Антологија на македонската народна песна”, “Фолк спомени од Македонија”, “Македонски патриотски песни”, “Македонски народни песни”, “Македонски староградски песни.

Од почетокот до денес  Мистер Компани има издадено 110 наслови на  ЦД, 15 наслови на ДВД, 20 наслови на ВХС касети и 150 наслови на музички касети со македонска музика.

Во поново време издадовме цртани филмови и тоа 39 наслови на ДВД, ВХС и ВЦД со македонски и албански превод.
По продавницата во Гостивар, своја продавница отворивме и во Скопје, во ГТЦ, први кат, каде на едно место се достапни сите видови музика, светски филмови, цртани филмови и друго.
Нашата компанија произведува неснимени  аудио и  видео касети, врши дистрибуција на неснимени ЦД-а и ДВД-а како и кутии за ЦД и ДВД со сопствен бренд “mister”.

Сите наши изданија се со заштитени авторски права.

Освен традиционалната македонска музика Мистер Компани издава и современа музика и поддржува млади таленти.
Целосно се грижиме за сите рекламни материјали и публикации, како и за обвивките на нашите изданија што ги изработуваме самостојно.

Услугите што ги нудиме се многубројни: издавање и умножување аудио, видео касети, компакт дискови и ДВД, како и рекламни материјали, каталози, проспекти, календари и др.

Имаме континуирана соработка со странски партнери чии производи ги дистрибуираме во Македонија, а наши лиценцирани изданија се објавени во светот под наслов: Ора и чочеци (Блех оркестар Агушеви), Чочеци (Блех оркестар Малешевски Мелос), Најдоброто од Македонија, Учители на хармоника, Глобални жени, Срцето на Балканот - Македонски свадбарски песни, Македонски чочеци, Водич кон музиката од балканот.  

 
        Copyright © 2006 Mister Company