12/2/2021  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ИЗВЕДУВАЧ

ЕСМА РЕЏЕПОВА

Биографија:

Есма Реџепова - Теодосиевска, истакнат естраден уметник и хуманист, е родена на 8-ми август 1943 година во Скопје, Република Македонија. Потекнува од ромско семејство од татко Ибрахим и мајка Ќанија. Во нејзиното семејство песната, музиката и фолклорот се секојдневно присутни и се дел од семејната традиција.
На единаесетгодишна возраст учествува на популарната емисија на радио Скопје “Микрофонот е Ваш” и ја освојува првата награда. На тој настап ја забележува Стево Теодосиевски, кој во тоа време работи како корепетитор на програмата на радио Скопје. По завршувањето на основното образование во Скопје, Есма започнува да работи со оркестарот на Стево Теодосиевски и почнува да бележи успеси. Првиот настап во странство е во театарот “Олимпија” во Париз.
Во периодот од 1960 до 1989 година Есма и Стево Теодосиевски имаат свое престојувалиште во Белград каде што Есма го завршува вишото естрадно училиште, а поради големиот број настапи во голем број држави на сите континенти, тие со право се нарекуваат “граѓани на светот”. Покрај со музиката, биле активни и на полето на хуманоста. Низ нивниот дом поминале 47 деца кои биле израснати и воспитани во традиционален дух достојно да ги наследат своите родители. Покрај создавањето на вака бројно музичко семејство, Есма Реџепова - Теодосиевска и ансамблот “Теодосиевски” имаат одржано повеќе од 2000 хуманитарни концерти, како и спроведено повеќе хуманитарни активности и донации, од кои би се издвоила донацијата направена за градот Скопје “Домот на хуманоста и музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски”.
Есма Реџепова - Теодосиевска заедно со ансамблот “Теодосиевски” има издадено 108 сингл плочи, 20 лонг - плеј плочи, 32 аудио касети, 15 компакт дискови, 6 видео касети и има снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ. Има настапувано во 6 филмови и тоа: “Скопје ‘63”, “Крст Ракост”, “Туѓиот татко”, документарен филм од прогласувањето за кралица на ромската песна во Индија, “Запеј Македонијо” и филмот “ЕСМА” во продуцкија на ЗДФ од Германија. За долгогодишната работа на музиката и песната и исполнувањето на критериумите на СОКОЈ е прогласена за истакнат естраден уметник и е единствената која во оваа категорија наградата ја добива според заслугите, а не според работниот стаж. Во 1976 година на првиот “Фестивал на Ромска музика и песна” што се одржува во Чандигар, Индија е официјално прогласена за кралица на ромската песна.
Во 1992 година на големата западно - европска турнеја е прогласена за “Примадона на европското пеење” и е единствен фолк пеач носител на оваа награда.
Покрај овие Есма Реџепова - Теодосиевска е добитник и носител и на повеќе други награди, помеѓу кои:

- Октомвриска награда на Југославија;
- Сребрен и златен медал од Претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито;
- Сребрен медал од Црвениот крст на Црна Гора;
- Златен медал за хуманист во Босна и Херцеговина;
- Златен медал на Црвен крст на Југославија;
- Награда на УНИЦЕФ на Југославија; - Награда за животно дело на Србија и Црна Гора;
- Златен медал “22 декември”, Југославија;
- 1997 година, Најхумана жена во Македонија;
- 2000 година, Ромска пејачка на Милениумот, на фестивалот на Ромската култура” во Москва, Руска Федерација
- 2000 година, Златен медал на “Светскиот биографски институт” од САД;
- 2001 година, “Златна Бубамара” за животно дело;
- 2003 година, Печат на жена на годината;
- 2004 година, Награда “13 за Најуспешните”
- 2005 година, “Бјорнсова награда”, за најхумана жена и за залагање за правата на ромите.
Во два наврати била номинирана за Нобелова награда за мир, а добила и голем број на други награди и признанија.
Во 2006 година склучува договор за соработка со нашата продукциска куќа МИСТЕР КОМПАНИ, а како резултат на тоа ова е првиот албум за оваа компанија под наслов “Чекај животе”


АНСАМБАЛ “ТЕОДОСИЕВСКИ”
Атанасов Симеон - хармоника
Рамаданов Захир - труба
Мацев Билхан - кларинет и саксафон
Асановски Севим - синтисајзер
Зекировски Антонио - тапани
Изданија од овој изведувач:


Ти и јас заедно

Цена: 750 ден.

повеќе детали>>


Помеѓу два животи

Цена: 1250 ден.

повеќе детали>>


Чекај животе

Цена: 750 ден.

повеќе детали>>

 
        Copyright © 2006 Mister Company