МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



КОМПАКТ ДИСКОВИ - Мистер Компани Продукција

Нотна книга со стихови - 100 песни Антологија на македонската народна песна

Цена:
400 ден. (за купување од Македонија)
15 $US (за купување надвор од Македонија)

Код: BOOK

АНТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ПЕСНА


УБАВИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО
МУЗИЧКО БОГАТСТВО НА ЕДНО МЕСТО

Во 1994 година, Зоран Дамјановски, извршниот
директор на МИСТЕР КОМПАНИ, тогаш само
неколку години млада продукциска куќа, дојде
до идеја да сними музичко издание на, исто така,
тогаш младиот и нов медиум - ЦД, кое би
опфатило 20-ина песни од македонското музичко фолклорно творештво, без да има предвид дека
еден ден таквата првична и скромна идеја ќе се
претвори во она што е денес и што го имате во
Вашите раце, вистинско антологиско издание со
кое можеме да се гордееме.
Неговите првични амбиции беа да се издадат
две ЦД-а, како медиум кој пополека го преземаше приматот пред аудио касетите и музичките плочи
и нудеше ненадминлив аудио квалитет во однос на останатите медиуми.
Сé започна уште во 1994 по првата средба со
познатиот музички автор Наско Џорлев, кој
веднаш ја прифати понудата, неговиот оркестар
да го сними ова антологиско издание кое
требаше да звучи како во живо, без пауза,
па затоа првото ЦД е направено со 4 микса,
при што секој микс содржи по 5 песни.
Инаку, првото ЦД беше снимено напоредно
со снимањето на материјалите за Охридскиот
фолк фестивал, кој се одржа таа година и
никогаш повеќе, но кој овозможи да се
остварат контакти со присутните музичари
за идна соработка.
Наско Џорлев беше аранжерот на ова ЦД за
потоа оваа работа да ја преземе нашиот
познат хармоникаш и аранжер, Милан Завков
за останатите четири ЦД-а. Аранжерот Завков,
исто така, е одговорен и за мелографијата на
песните. Не само што ги направи аранжманите
туку и напишаните ноти во оваа книга,
вклучена во антологијата, се резултат на
неговиот труд. За убавиот изглед на
напишаните ноти, односно за нотографијата
се погрижи Марко Коловски од
КУД “Танец”.
Со оглед на фактот што уште тогаш се
сметаше дека треба да станува збор
за истакната компилација на вредни и
ценети македонски народни песни,
поканети беа доајени на македонската
народна песна како што се Васка Илеива,
дуетот Селимова -Желчески,
Александар Сариески, чии снимки на оваа
антологија се меѓу неговите последни,
ако не и последни.
И така, излезе првото ЦД од тогаш се уште
несмислената колекција.
Инаку, само 5-6 песни од вкупно 100-те,
колку што се содржани во антологијата,
не се снимени под раководство на
МИСТЕР КОМПАНИ, туку се донесени
како готови снимки. Сите други песни се
студиски снимени специјално за ова издание.
Фонограмскиот продуцент Дамјановски,
во обид да го забрза издавањето на
следните ЦД-а замина за Белград каде
се сретна со директорот на ПГП-РТС
(продукцијата на грамофонски плочи
на Радио Телевизија Србија) со цел да
се откупат снимките што тие ги поседуваа
од македонските фолк пеачи но, за жал,
или поточно,за среќа, не беше најден
заеднички јазик, што овозможи денес да
можеме гордо да кажеме дека станува
збор за автентичен македонски снимен
производ.
Зоран Дамјановски, како фонограмски
продуцент на овој и на сите други
проекти во издание на куќата, покани
и други групи и музички исполнители,
за кои се сметаше дека не смеат да
изостанат од еден ваков проект.
И тука не станува збор само за Александар
Сариески и Васка Илиева, туку и за редица
други како што се Виданка Ѓорѓиевска,
Петранка Костадинова и Виолета Митева.
Фонограмскиот продуцент Дамјановски
се сеќава како целиот проектен тим,
освен тон мајсторот, морал да го напушти
студиото во еден момент.
Сето ова за доајенот Александар Сариески,
заради своите подоцнежни години,
да може подобро да се сконцентрира и
да ги испее “Зајди, зајди јасно сонце” и
“Бог да убиет дебрани,” зашто никој
подобро од него тоа не би можел
да го направи после илјадници изведби.
Сето ова покажува дека продукциската куќа
водеше сметка не само да бидат избрани
вистинските песни, туку и вистинските
исполнители за нив, за да дојде до израз
нивната професионалност, искуство и
долгогодишното исполнување токму на
оние песни кои се вклучени во антологијата.
Дуетот Селимова - Желчески доаѓаше
специјално од Белград само за снимање на
песните, а продуцентот Дамјановски беше
присилен да оди во Горно Коњари да го покани исполнителот Круме Спасовски за тој да ги
испее “Ерген одев” и “Вчера вечер абер дојде”,
за второто ЦД зашто сметаше дека тие две песни
треба да бидат исполнети токму од тој изведувач.
На последното ЦД е снимен микс од четири
песни од Гоце Арнаудов, исто така, доајен на македонската народна музика.
Присутен е и популарниот исполнител
Орце Стевковски - Царот, кој заради својата
релативна младост не може да се нарече
доајен, но чии песни несомнено ќе останат
да живеат и за идните генерации.
Кога станува збор за групите кои се
исполнители на народна музика и кои
се вклучени во антологијата, тука сигурно треба да се издвојат “Македонски мерак”, “Славна Дебарца”, “Македонски мелос” и Оркестар
“Џорлеви,”.
Покрај потребата да се запази учеството
на вистинските музички исоплнители и
групи антологијата ја имаше и таа должност
да го запази тематскиот дијапазон на
македонската народна музика.
Токму затоа антологијата содржи револуционерни, патриотски, љубовни, печалбарски и други видови
на народни песни и тоа според тоа колку
песни се прават од кој жанр.
Некако како да се издвојуваат револуци-
онерните (патриотските) и љубовните во прв план во однос на
другите што се чини и нормално, имајќи ја предвид крвавата македон-
ска историја и фактот што музиката отсекогаш и секаде се користела
да се искажат интимните чувства. По снимањето на второто ЦД, кое
содржи 18 песни, куќата сфати дека, всушност, се има зафатено со
проект, кој е далеку пообемен од двојна компилација и дека всушност
преоектот ќе мора да биде даелку поголем и проширен до вкупно
100 песни, без оглед за колку ЦД-а станува збор.

Зоран Дамјановски, како фонограмски продуцент, смета
дека македонското музичко фолклорно богатство може достојно
да биде претставено со 100 народни песни. Се разбира,
севкупната македонска народна музика не може да влезе ниту во
1000 песни, а камоли во 100, но оваа бројка се сметаше за доволна
за да се задоволат потребите на антологискиот пристап и во себе
да ги содржи највредните, најпознатите и најсаканите песни на
нашето музичко народно творештво
Од година во година, или пак на две години, во втората
половина од 90-тите години и почетокот на оваа деценија едно по
едно беа снимани ЦД-ата и антологијата пополека го добиваше
својот лик. Инаку, за да се обезбеди неопходниот квалитет за едно
вакво ексклузивно издание, техничката страна во секој поглед
мораше да биде беспрекорна што беше постигнато преку нашиот
долгогодишен партнер СОНЅ ДАДЦ, австриска испостава на
светскиот гигант СОНЅ, која се занимава со технички услуги при
снимање на ЦД-а и дупликација. Сите ЦД-а од антологијата се
снимени токму во СОНЅ ДАДЦ, а МИСТЕР КОМПАНИ е најголемиот
клиент од Македонија на оваа компанија со над 50 дуплицирани
албуми во тиражи од 60 - 70.000 примероци во период од една
деценија. По издавањето на сите 5 ЦД-а, компанијата започна да
размислува како, ваквото вредно и скапоцено издание да и се
претстави на јавноста. Резултат на идејата е производот што го
држите в раце, ексклузивно издание со беспрекорен квалитет
и изглед, достоен да ја претстави македонската народна музика
и тоа, директно преку музиката, текстовите и нотите.
Уште една важна придобивка од оваа антологија се
стекнатите контакти со македонските фолк исполнители,
станува збор за индивидуалните исполнители и групите.
Имено, како резултат од соработката остварена во работата на
антологијата, посредно или директно е договорено снимање на
околу 30-ина албуми на исполнителите кои зеле учество во неа.
Може дури да се каже дека оваа антологија претставува мотив
за засилувањето на издавачката дејност од областа на народната
музика, кога станува збор за МИСТЕР КОМПАНИ, и за народната
музика во Македонија воопшто, зашто МИСТЕР КОМПАНИ е една
од многу ретките, а сега можеби единствената професионална
продукциска куќа на народна музика во земјата.
И на крај, како симболичен момент за опфатот на антологијата,
за нејзиниот музички стремеж и за она што лежи во суштината на
македонскиот музички фолклор е фактот што таа на првото ЦД
почнува со песната “Распукала Шар Планина” во исполнение на
Александар Сариески, а петтото и последно ЦД завршува со песната
“Ој, месечино новино” во исполнение на Васка Илиева со што се
истакнува улогата на двата најголеми доајени на македонската
народна музика на втората половина од минатиот и почетокот
на овој век.

Внесете количина : 

 
Copyright © 2006 Mister Company