 |
Врата до врата
Цена:
300 ден. (за купување од Македонија)
9 $US (за купување надвор од Македонија)
Код: MCF 020
ВРАТА ДО ВРАТА е психолошки трилер подвлечен со моќна сексуална конотација. Главниот лик, Џон (30), неодамна го напуштила неговата девојка. Еден ден ги запознава сосетките Ан и Ким, две прекрасни жени, со кои живее врата до врата. Го покануваат во нивниот стан. Станот е преполн со конзерви и шишиња од вода, како да очекуваат опсада. Џон е изненаден што никогаш пред тоа не ги запознал, додека тие две одлично го познавале него и неговата бивша девојка Ингрид. Нивното манипулативно и сексуално однесување му е непријатно и тој заминува. Но, Ан го убедува да се врати и да внимава на Ким додека таа купува. Му раскажува приказна како човекот што живеел во неговиот стан пред него ја нападнал Ким и ја држел во својот стан затворена два дена. ВРАТА ДО ВРАТА зборува за губењето на контрола над својата желба, воља и ум.
|