По долго најавување, вчера конечно во јавноста беше промовиран првиот албум на групата „Грации“, што ја сочинуваат познатите пејачки Адријана Алачки, Бади Бекир и Росана Сариќ Тодоровска. На промоцијата, што се одржа во скопскиот хотел „Холидеј ин“, за грациите зборуваше Блага Петревска, која ги нарече вистински жени како на приватен така и на професионален план. „Грации“ ја најавија и турнејата низ Македонија, што ќе почне во март. Тие не ја исклучија можноста повторно во групата да се врати и Благица Павловска. На цедето има 15 песни и може да се купи за 400 денари, а го издаде „Мистер Компани“.
Дневник, 14.12.2006
(С.А.Н.)
|