НОВ ПРОЕКТ
Издание со чалгаџиски ора во џез-аранжмани
Авторите и инструменталисти Гоце Џуклески и Сашо Ливрински го промовираа заедничкиот музички проект „Уметничко-чалгаџиски ора“, во издание на „Мистер компани“.
Албумот содржи девет орски мелодии, а автор на повеќето од нив е Џуклески. Аранжманите, пак, направени во модерен стил, со внесување елементи на класичната и на џез-музиката, се на Сашо Ливрински.
Двајцата се јавуваат и како солисти на хармоника. По повод појавувањето на проектот, на почетокот на јануари 2007 година МТВ ќе реализира музичка емисија во која, покрај Џуклески и Ливрински, ќе учествуваат игроорци од КУД „Кочо Рацин“ од Скопје и претставници на танчарски групи.
Националната ТВ-куќа ќе изработи проект за песнопојното творештво на Џуклески, во кој ќе учествуваат авторски и вокално-солистички имиња како Сузана Спасовска, Милица Кузмановска, Ефто Пупиноски и Војо Стојановски
Дневник,
(С.А.Н.)
|