Фолк-пејачката Елена Георгиева пред новогодишните празници
го заврши нејзиното ново цеде, романтично насловено како „Срце на распродажба“.
На албумот има 10 песни, автор на сите текстови е Елена, композитор и аранжер е Тодор Завков, освен за „Пат за Македонија“, на која специјален гостин е Гоце Арнаудов, музиката е традиционална, а аранжманот е на Љупчо Соколовски - Бубе. Албумот е во издание на
„Мистер Компани“ и веќе може да се најде во продажба.
Вест, 17.01.2007
(В.М.)
|