 |
|
|
Трите грации - Адријана, Росана и Бади го промовираа својот прв албум Песни и жени за сите генерации
На промоцијата премиерно беше прикажан и спотот ,,Четири грации, на чие снимање учествуваше и Благица Павловска, која во моментот поради приватни причини не е со групата, но за неа останува отворена вратата да им се приклучи на своите колешки на пролет, за кога е планирана и голема турнеја низ Македонија, во соработка со голем број познати музичари што треба да почне во март. Албумот го издаде Мистер Компани, најголемата продуцентска куќа за народна музика во земјава. На пресот Блага Петревска ги поздрави своите колешки, изјавувајќи дека е почестена што токму таа од име на колегите од фолк музикаа ќе ги упати честитиките до Росана, Бади и Адријана за повеќе од успешнио проект. Таа додаде дека и трите нејзини драги колешки се секогаш отворени и позитивни за нови искуства и соработка.
Се разбира и Адријана, Росана и Бади им се заблгодарија на присутните кои дојдоа на оваа прва фолк-промоција од овој тип, вонсериска, како што е посебен овој нивни спој на талент, искуство и атрактивност.
Албумот ,,Песни за сите генерации,, е вистинско богатство од нунери, вкупно 15, испеани до трите фолк грации, но неколку и со чевртата членка Благица Павловска. На албумот има и по две песни посебно испејани од Адријана, Бади и Росана, а на последната песна Среќна нова година гостува и Македонскиот рокенрол бенд. Најголемиот број песни ги напиша Горан Алачки, а меѓу авторите се и: Сашо Ливрионски, Горан Тодоровски, Мирјана Даниловска, Орце Зафировски, Росто Краповски и Никола Коцев. Осен веќе популарните: Четири грации, Жени за сите генерации, според најавите се очекува голем хит да стане и новата нумера Мацо, Мацо исто така на Горан Алачки, на текст на Орце Зафировски. А сите оние кои имаат желба да ги видат фолк ѕвездите во живо, во сабота 16 декември во ГТЦ, во продавницаа на Мистер компани ќе можат да се дружат и да го купат албумот на Грациите по промотивна цена.
Нова Македонија, бр. 20965, 14.12.2006
М.Таушанска
|