8/12/2022  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ВЕСТИ
 

12/13/2006
„Грациите“ не ја прекинаа соработката со Благица

 
Адријана, Росана, Бади
 
Пред две години, кога се појавија како фолк- атракциски експеримент беа четири дами - Андријана Алачки, Благица Павловска, Бади Бекир и Росана Сариќ-Тодоровска, секоја за себе позната од порано за публиката и со своја „автономна“ кариера. Кога ги здружија силите, се нарекоа „Четири грации“ и ветуваа дека не се за еднократна употреба, со намера да издадат албум. Во меѓувреме, Благица отстапи од проектот заради други свои ангажмани, но денеска, во 12 часот, во хотелот „Холидеј ин“, „Грациите“ го промовираат својот прв албум наречен „Песни за сите генерации“.

- Беше крајно време да си го исполниме ветувањето за албумот - вели Андријана Алачки. Овој албум како плод на нашата соработка е единствен на фолк-сцената. Навистина, и досега имало разни споеви меѓу колегите, но главно биле за една намена. А ние решивме да издадеме албум и тоа го сторивме, ние трите - Росана , Бади и јас. Соработката со Благица не е прекината, но поради нејзините други обврски и планови во животот, во овој период не можеше да учествува во снимањето на петте нови песни. Сепак, таа е присутна на албумот во четирите први песни на „Грациите“. Секако, Благица е поканета на промоцијата и доколку пристигне од Италија, се надевам дека ќе се присуствува на промоцијата, вели Андријана.

Албумот на „Грациите“ излегува во издание на „Мистер Компани“, а во него има 9 „грациски“ песни (4 стари и 5 сосема нови, меѓу кои и една новогодишна), а снимани се во студијата „Кларион“, „Алачки“ и „Анастасија“. Како автори се јавуваат Сашо Ливрински, Горан Алачки, Горан Тодоровски, Мирјана Даниловска, Орце Зафировски, Ристо Краповски и Никола Коцев. Покрај албумот, ќе биде прикажан и спотот „Четири грации“.

Од март идната година „Грациите“ планираат да направат и концертна турнеја низ Македонија.

Весник, 13.12.2006
(Ј.П.)

 

 

 
     
 
        Copyright © 2006 Mister Company