 |
|
|
„Чекај, животе“ нов албум на Есма за македонската публика
----------------------------------------------------------
Во претпразнично расположение во ресторанот „Ден и ноќ“, кралицата на ромската песна Есма Реџепова-Теодосиевска го промовираше својот нов албум „Чекај, животе“ во издание на „Мистер Компани“.
----------------------------------------------------------
Албумот содржи десет нови песни, дополнет со две бонус-теми: преработка на препознатливата песна за Есма, „Зошто си ме, мајко, родила“ и „Свадба македонска“. Како гостин во две песни на овој албум се јавува Наум Петрески, кој во дует со Есма ги има испеано патриотската „За Македонија“ и песната „Љубовна“. Своето животно искуство, низ една ретроспективна нишка, Есма го отпејува во песната „Моите златни 50“, создадена по повод нејзиното петдецениско опстојување на естрадата, како и во песната, според која е насловен и овој албум – „Чекај, животе“.
-----------------------------------------------------------
Есма го намени овој албум како свој новогодишен подарок до својата верна публика, пред се', во Македонија.
Весник, бр. 2266, 22.12.2006
(Ј.П.)
|