8/20/2022  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ВЕСТИ
 

1/22/2007
Песни за да не се заборават корените

 
Александар Сариески
 
Од денес во продажба ќе излезе второто од шесте цедеа насловени како "Најубави македонски народни песни", од кои првото е веќе излезено, а второто е во продажба од денес. Во оваа колекција се вклучени сите народни и обнародени песни кои оставиле силен впечаток во македонската музичка фолк дискографија. Издавач и креатор на сите овие изданија е продуцентската куќа "Мистер компани" од Гостивар.
-Идејата беше да не се заборави нашето музичко богатство. Во шесте изданија ќе бидат вклучени доајените на македоската фолк сцена како Александар Сариески, Васка Илиева, Петранка Костадинова, Виданка Ѓорѓиевска, Билјан Стојаноски,
"Македонски мерак", Атина Апостолова и многу други. Ги има незаборавните "Зајди, зајди", "Сношти минав", "Стани моме да заиграш", "Севдалино малој моме" и многу други. Ова го направивме по повод 15 години јубилеј од основањето на нашата куќа, но и по барање на љубителите на старата изворна македонска песна, вели Зоран Дамјановски, директор на "Мистер Компани".
Цената на едно цеде 30 дена од денот на издавањето ќе биде 150 денари, додека потоа ќе се купуваат по 450 денари.

Вест, бр.1976, 22.01.2007
(В.М.)

 

 

 
     
 
        Copyright © 2006 Mister Company