8/20/2022  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ВЕСТИ
 

5/5/2007
Излезе третото ЦД посветено на најубавите македонски ноти

 
Најубави македонски народни песни бр.3
 
Третото ЦД од антологиското издание "Најубави македонски народни песни" е само дел од новините што ги најавува Издавачката куќа Мистер компани. Новиот материјал веќе може да се најде на пазарот и месецов по промотивна цена од 150 денари. Веќе од следниот ЦД-то на кое се сместени вкупно 14 песни ќе чини 450 денари. Дел од изведувачите на "Што ја нема Цвета", "Ајде чиво ли е она девојче", "Од умот се подизгубив", "Брала мома капини", "Кажи Рајне", "Туѓината пуста да остане", "Распукала Шар Планина", "Таму долу Битола"... се Васка Илиева, Билјан Стојановски, Селимова-Желчески, Виданка Ѓорѓиевска, Александар Сариески, Петранка Костадинова, Анета Ефтимова. Материјалот ќе биде дел од шесте планирани ЦД-еа, по што потоа ќе се издава севкупната колекција како специјализирано и ексклузивно издание, а што ќе биде искористено како своевидно претставување на македонската народна песна пред светот. Втората најавена луксузна колекција е онаа во која се вклучени албуми на Ферус, Есма, потоа Македонски гајди, групата Алпина, Илија Ампевски, а што ќе се продава преку страницата www.amazon.com
Во текот на следниот месец треба да бидат издадени уште два албума и тоа "Разиграни чочеци на Ќемал и Тунѓај Агушеви" и "Магичната труба на Џамбо" на Исин Агушев-Џамбо, како и материјалот на српскиот хармоникаш Велимир Живковиќ со наслов "Најлепша српска кола".

Вечер, 05.05.2007, бр. 13490
(А.Т.)


 

 

 
     
 
        Copyright © 2006 Mister Company