8/12/2022  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ВЕСТИ
 

9/5/2006
Анета - "староградска"!

 
Новиот албум - Со песна да ти кажам
 
Битолчанката Анета Ефтимова, иако е стручен наставник по гинекологија и акушерство во средното медицинско училиште во Битола, професионално се занимава и со музика од 1995. Првпат на "Скопски фестивал 1996" како член на триото "ЕКА" и Леонарда, со "Камбаните во ноќта ѕвонат" освоија награда за дебитанти и прва од стручно жири. Последниве години е активна како придружен вокал на повеќе детски фестивали, "Скопје фест", "Интерфест", филмска и театарска музика и слично. Во соработка со Миодраг Нечак и Издавачката куќа "Мистер компани", во рамките на "Серенада на Широк Сокак 2005" направи промоција на нејзиното прво ЦД "Со песна да ти кажам", снимено во студиото "Микс"- Битола. Содржи обработки на десет македонски староградски песни, со цел нивно модернизирање и доближување на традицијата до помладата популација. Тоа се песните "Не си го продавај, Кољо, чифликот", "Што да правам што да чинам", "Елено ќерко", "Дали думаш либе", "Македонско девојче", "Кажи, кажи, либе Стано" во дует со Сефедин Бајрамов, "Сношти поминав заминав", "Судбо моја", "Никнало цвеќе шарено" и "Зајди, зајди јасно сонце". Анета пееше на "Еврофест", "Охрид фест 2001" на "Скопје фест" , на "Макфест" со песната "Само јас и ти" (во дует со Златко Златановски) и на "Серенада на Широк Сокак". Учествуваше и на концертот на Татјана Лазаревска во Струмица како придружен вокал, и со солистичка изведба на песната "На Прочка ќе ви дојдам", која беше дел од мултимедијалниот проект со македонски староградски песни насловен како "Еден ден во Битола". Учествува и како придружен вокал во првиот проект на "Бујото" и најчесто соработува со Миодраг Нечак, Николче Мицевски, Игор Цветковски, Ј.Каралиевски, Т. Станковиќ, Валентин Соклевски, Ј. Димитровски. Планира песна и за "Тетовски филиграни" и нов материјал со "Мистер Компани".

05.09.2006, Вечер, бр.13290
(Ва.Ѓ.)

 

 

 
     
 
        Copyright © 2006 Mister Company