Продукциската куќа "Мистер компани" од Гостивар оваа година слави петнаесет години творење. На прес-конференцијата во хотелот "Холидеј ин", "Мистер компани" ги презентираше најновите цедиња и дивиди-изданија на македонските музичари и групи од народната музика, меѓу кои и на инструменталистот Ферус Мустафов, дуетот Селимова-Желчевски , Анета Наковска и многу други.
Најново од "Мистер компани" се и проектите "Најубави македонски фолк- песни", колекција од шест цедеа, со песни од доајените на македонскиот фолклор, "100 Македонски фолк-песни" снимени на мп3 и дивиди-изданието "Македонска етномузика" .
Вест, 02.10.2006, бр.1884
(З.В.)
|