Музичарот Илија Ампески-Ампе го промовираше својот четврти албум "Полноќна фантазија", со етно џез-фолк од Балканот. Новото цеде е прво цеде со долби сараунд-систем или суперцеде кај фолерите кај нас. На него се наоѓаат 13 инструментални нумери од најдоброто од Балканот, создадени со најдобрите американски музичари, каде што е снимен и материјалот. Сите теми на албумот се дело на Ампе, во џез-варијанта и со модерни аранжмани. Мастерот на цедето е правен во Холандија, а печатено е во "Сони", во Австрија. Целата идеја за реализација на ова прво САЦД воопшто во Македонија е на продуцентот и издавачот "Мистер компани".
Најново од Ампе е и неговата веб-страница, која ќе биде промовирана деновиве. Освен обврските со "Македонски мерак" го очекува етнофестивалот во Монтреал, Канада.
Вест, 13.09.2005, бр.1564
(В. М.)
|