Продуцентската куќа „Мистер компани“ објави дека нејзините изданија наскоро ќе може да се купат и преку најголемата веб-страница за малопродажба во светот „Амазон“. Истите изданија, во дигитална форма, ќе ги има и на големиот интернет-портал за легално симнување музика
„i Tunes“, сопственост на светскиот компјутерски гигант „Aple“.
-------------------------------------------------
„Мистер компани“ најави и дека ќе продолжи да го издава антологиското издание „Најубави македонски народни песни“, кое содржи 84 песни на шест диска. Новите албуми на продукцијата се од изведувачи припадници на малцинските заедници во Македонија. Ќе бидат издадени два диска од ромски пејачи и еден од српски хармоникаш.
Дневник, 07.05.2007
(С.А.Н.)
|