Инструменталистот Панче Здравков-Чалгијата деновиве го издаде новото цеде со чалгиски ора насловено "Ајде на оро". Авторски зад овој албум стои Панче, а дел од ората аранжмански се на Дамир Имери. На цедето можат да се слушнат 10 ора како "Ѓургевденска фантазија", "Битолка-пајдушко оро", "Сватовско", "Чалгиски мерак", "Васина циганчица", "Штипска гајда", "Иванин чочек", "Егејка", "Панчев чочек" и "Вардарско-Елено". Албумот на Панче е во издание на "Мистер компани" од Гостивар.
Вест, 25.01.2007, бр.1979
(В.М.)
|