Чекај животе, не е само мотото на кралицата на ромската песна Есма, туку и наслов на последниот албум, со кој го најавува 50 - годишниот јубилеј на нејзината музичка кариера. Македонскиот албум "Чекај животе" е последното нејзино дело во издание на "Мистер компани", а го промовираше вчера во ресторанот "Ден и ноќ". Кралицата е задоволна од албумот, од она што го сработиле нејзините постојани соработници, и по овој македонскиот, за скорешно време најави и нов албум, но на ромски јазик. "Чекај животе" има 10 нови песни, од кои на две гостин е Наум Петрески и две бонус- "Зошто си ме мајко родила" и "Свадба македонска".
Утре кралицата на ромската песна Есма меѓу 13 и 14 часот во продавницата на "Мистер компани" во ГТЦ ќе се дружи со љубителите на нејзината песна. Утре нејзиниот албум "Чекај животе" ќе се продава со значителен попуст.
Вест, 22.12.2006, бр.1953
(В.М.)
Фото: В. Тануровски
|