8/20/2022  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ВЕСТИ
 

7/3/2007
МИСТЕР КОМПАНИ доби Меѓународни стандардни кодови за снимање (ISRC) за сите свои поранешни, актуелни и идни издадени песни

МИСТЕР КОМПАНИ доби Меѓународни стандардни кодови за снимање (ISRC) за сите свои поранешни, актуелни и идни издадени песни, спотови и други видови на снимки од страна на Меѓународната федерација на фонографската индустрија (IFPI), што претставува чекор поблиску до можноста за дигитално преземање (download) на песните и спотовите на компанијата преку Интернет.
ISRC е развиен од меѓународната индустрија која се занимава со изработка (снимање) на носачи на звук и слика преку Меѓународната организација за стандардизација (ISO) како одговор на потребата за идентификација на аудио и видео снимките.
Само за појаснување, ISO е меѓународна федерација на национални институции за стандардизација санкционирана како таква од страна на Организацијата на обединетите нации (ООН), а IFPI, пак, е Меѓународна федерација на фонографската индустрија во која членувааат 49 национални фонографски агенции. Уште во 1988 година, IFPI им го препорача на своите национални членки усвојување на ISRC како меѓународно средство за звучни снимки и музички видеа во кратка форма, односно ТВ спотови.
ISO стандардот за овој код ја носи бројката ISO 3901:2001. Телата на оваа организација ги подготвија сите неопходни документи за овој сега веќе прифатен меѓународен стандард, кој во својата оригинална форма беше усвоен во 1986 година, а ратификуван како меѓународен стандард во 2001 година.
Во 1989 година Секретаријатот на IFPI беше назначен како Меѓународно тело за регистрација од страна на ISO и функционира како Меѓународна ISRC агенција. Оттогаш, пак, 49 национални агенции беа назначени од страна на IFPI да ја вршат оваа функција (да доделуваат ISRC кодови) во своите држави или териотрии. Тоа се, пред се, фонограмски здруженија во нормални земји, односно здруженија на фирми кои издаваат носачи на звук и слика. Се разбира, како и во однос на многу други институции, во Македонија недостасува и вакво здружение. Па МИСТЕР КОМПАНИ беше принуден да се ја побара својата шифра директно од Секретариајтот на IFPI во Лондон.
Бенефициите на означување на песните со ISRC броеви се такви што се обезбедува точна размена на информации во однос на сопственоста на песната, употребата на снимките и се поедноставува администрацијата на правата што произлегуваат од нив. Имено, станува збор за глобален и уникатен метод на идентификација на звучни музички видео снимки.
Потенцијалните корисници на песните и видео снимките ќе можат полесно да ги најдат оние добра кои им се потребни, а сопствениците многу полесно ќе можат да ги администрираат каталозите на своите аудио и видео добра. Покрај тоа, доколку издавачката куќа има ISRC број, тогаш може со поголем кредибилитет и да преговара и да добие подобри услови од страна на компаниите кои се занимаваат со продажба на песни и видео спотови со дигитално преземање (download) преку Интернет.
Инаку, структурата на ISRC бројот е следна:
- Станува збор за алфанумеричка ознака која почнува токму со кратенката ISRC (од International Standard Recording Code, односно Меѓународен стандарден код за снимени материјали);
- Потоа следи кратенката за името на земјата која во нашиот случај е, нели, МК. Инаку, никому во секретаријатот на IFPI не му ни текна да ни прави проблеми во однос на името и кратенката FYROM воопшто не беше ни спомната во меѓусебната комуникација, како што тоа знае да им се лучи на други институции кога комуницираат со организации од Европската унија, па и пошироко;
- Следна ознака е името на регистрантот, односно името на продукциската куќа која го добила ISRC бројот и која во моментот на неговото доделување врз извесен аудио или видео материјал била сопственик на тој материјал. Тоа во конкретниов случај значи нашата компанија - МИСТЕР КОМПАНИ. Во секој случај кодовите кои МИСТЕР КОМПАНИ ги доби се следниве:
o А03 (за аудио снимки)
o Z02 (за видео снимки)
Сепак, на ова место мора да се разјасни еден момент. Аудио и видео материјалите (песните, спотовите, рингтоновите и слично) се добра, кои можат да се продаваат на пазарот и да менуваат сопственици. Во ваквиот случај ISRC кодот останува ист, се додека новиот сопственик не одлучи да изврши измени на аудио или видео материјалот што го купил. Тогаш е обврзан на таквата видоизменета снимка да и стави нов ISRC број. Но, доколку песната е иста и само го сменила сопственикот, тогаш ISRC бројот останува ист. Сето тоа значи дека кога станува збор за кодот на фирмата, тој се однесува на моментот кога материјалот го добил ISRC бројот од сопственикот на материјалот, кој го означил со кодот кој му бил доделен за неговата фирма. Но, оттогаш материјалот можеби бил продаден и има нов сопственик, така што троцифрениот број на регистрантот не гарантира дека истата фирма или поединец е се уште сопственик на аудио или видео снимката, туку само кој бил сопственикот во моментот кога бил доделен ISRC бројот.
- Следна ознака е годината во која е доделен ISRC бројот на аудио и видео снимката. Таа не мора да биде годината во која е снимен или промовиран или издаден материјалот, ако продуцентот почнал да го употребува ISRC кодот, година, две или повеќе години по издавањето на снимката, како што е тоа случај со нашата компанија, на пример. Значи, станува збор за актуелната година во која е доделен бројот и ова, исто така, значи дека сите досегашни песни издадени од МИСТЕР КОМПАНИ ќе ја носат оваа 2007 година, иако се издавани во период од 16 години (од 1991 до 2006 година). Снимките што ќе бидат направени годинава, исто така ќе ја носат ознаката од оваа година, а од идната година ISRC кодот на изданијата на МИСТЕР КОМПАНИ ќе биде ист со годината на издавање на материјалот, зашто броевите ќе бидат доделувани веднаш во фазата на мастерирањето - финалната подготовка на материјалот. Годината се означува со две цифри, користејќи арапски бројки – на пример „07“ значи 2007 година, „98“ значи 1998 година, итн.
- На крајот доаѓа петоцифрена, исто така, бројка со арапски цифри (на пример „00013“) и таа секогаш мора да биде токму петоцифрена. Ако регистрантот издава помалку различни аудио и/или видео материјали во текот на една година отколку што собира во еден петоцифрен број, тогаш е обврзан да напише нули пред бројот на аудио или видео снимката. Ако песната е 258-ма по ред во тековната година, тогаш ќе го носи бројот „00258“. Инаку, различни верзии на ист аудио и видео материјал добиваат различен ISRC број. Тоа значи дека ако направите ремикс на истата песна, треба да и доделите нов ISRC број, ако правите исечок до 30 секунди, исто така, може да се додели нов ISRC број. Минимум временски период е 10 секунди. Ако правите исечок покус од 10 секунди тогаш нема потреба од доделување на нов ISRC број. За кусите исечоци, регистрантот е оној кој одлучува дали ќе додели нов ISRC број во зависност од важноста, комерцијалната вредност на исечокот и слично. ISRC бројот останува ист доколку аудио или видео снимката ја ставите од албум на компилација, на пример, но без никакви измени. Значи преобјавување на иста снимка на која нема никакви измени си го задржува својот дотогашен ISRC број.
Инаку, сите сегменти во ISRC бројот, по ознаката „ISRC“ се одвоени со цртичка. Сето ова покажува дека ISRC бројот, на пример, изгледа вака:
ISRC МК-А03-07-00096
Ова значи дека станува збор за материјал од Македонија („МК“), дека станува збор за аудио снимка која е или била во сопственост на МИСТЕР КОМПАНИ во моментот кога и бил доделен ISRC бројот („А03“) , дека ISRC бројот е доделен во 2007 година („07“) и, на крајот е бројот на самата снимка („00096“). Оваа бројка не мора да значи дека станува збор за 96-та песна или аудио снимка во годината, иако тоа е добар систем за администрирање на аудио и видео материјалите. Регистрантот може да доделува какви сака цифри во рамките на овој петтоцифрен број.
Единствена разлика меѓу аудио и видео снимки е бројката која ни е доделена од страна на IFPI и која е различна кога станува збор за видео материјали. Така што, кога наместо аудио материјал би станувало збор за видео материјал, а сите останати елементи би биле исти, тогаш ISRC бројот би изгледал вака:
ISRC МК-Z02-07-00096
Причината за ова, е нели зашто кодот кој на МИСТЕР КОМПАНИ и е доделен за видео снимки е „Z02“ за разлика од оној за аудио снимки кој гласи „А03.“
ISRC кодот треба да биде енкодиран (encoded) во дигиталните носачи на звук во процесите на пре-мастеринг и ауторинг (authoring) според спцификациите кои важат за конкретниот формат што ќе биде употребен. Значи, ISRC кодот треба да и биде доделен на секоја песна кога се комплетира мастерот и кога е донесена одуката за издавање на материјалот. Без оглед дали ауторинг системите на производителите овозможуваат ISRC кодот да биде поврзан со секоја песна или не, ISRC кодот, сепак, треба да биде доделен. Меѓународната ISRC агенција истакнува дека ќе работи со производителите да се обезбеди тие да бидат во можност да го вклучат ISRC кодот во аудио и видео материјалите. Инаку, кодот се вклучува на различни начини со оглед на медиумот на кој ќе биде издадена снимката – без оглед дали станува збор за ЦД-а, мини дискови, ДВД-Аудио, ДВД Видео, Супер Аудио ЦД, па дури и на аналогни формати какви што се видео касетите и електронски дистрибуираната музика преку Интернет, зашто во најголем дел ауторинг софтверот за ваквата дистрибуција дозволува вметнување на ISRC кодот, а голем број компании кои се занимаваат со Интернет дистрибуција на аудио и видео добра своите каталози на песни, спотови и други аудио и видео добра административно ги водат токму преку ISRC кодот.


 

 

 
     
 
        Copyright © 2006 Mister Company