Утре, во хотелот "Холидеј ин", Елвир Мекиќ ќе го промовира новиот албум "Опасно". Наедно ќе биде промовиран и спотот
за песната "Некаде после два", за која ја освои третата награда на "Макфест". Албумот содржи десет песни, од кои неколку се веќе слушнати: "Нека те заборави", "Опасно" и "Некаде после два", а останатите се сосема нови и се дело на проверениот авторски тандем Јован Јованов - Елвир Мекиќ. Покрај нив, во улога на гости на цедето се јавуваат и Маја Саздановска, Иван Јованов, Адријан Гаџа, Раде Врчаковски - Врчак...
Издавач и дистрибутер на албумот е дискографската куќа "Мистер компани". Организатор на промоцијата е "Премиер продукција".
(В.М.)
Вест, 06.11.2007, бр 2214
|