 |
|
|
По неодамнешната презентација во рамките на фестивалот Макфест, Елвир Мекиќ реши своето првенче и официјално да го претстави пред публиката. Промоцијата во организација на Премиер продукција, која стои зад ангажманите на Елвир, ќе се случи в среда со почеток во 13 часот, во Холидеј ин. Покрај вообичаениот протокол на кој пред новинарите, колегите од естрадата, спонзорите и пријателите ќе биде промовирано дебитантското CD насловено како "Опасно", премиерно ќе биде прикажан и видеоспотот за макфестовската нумерата "Некаде после два", со која Елвир го освои третото место.
Материјалот содржи десет нумери, од кои неколку се веќе слушнати како "Нека те заборави" и фестивалските "Опасно" и "Некаде после два", а останатите се сосема нови и се дело на проверениот авторски тандем Јован Јованов - Елвир Мекиќ. Во улога на гости како дел од албумот покрај веќе споменатиот Јован Јованов се појавуваат уште и Маја Саздановска, Иван Јованов, Адријан Гаџа, Раде Врчаковски-Врчак. Издавач и дистрибутер на албумот е Дискографската куќа Мистер компани, кој може да се набави низ музичките магазини низ Македонија.
(А.Т.)
Вечер, 06.11.2007, 13642
|