8/20/2022  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ВЕСТИ
 

11/8/2007
Промоција на албумот-првенче на Елвир Мекиќ

 
Од прес конференцијата во Холидеј Ин
 
Долгосонуваниот сон на текстописецот и пејач Елвир Мекиќ - објавување албум-првенче, вчера во хотелот „Холидеј ин“, конечно, ја доживеа својата реализација. Пред голем број обожавателки, новинари и колеги (ги забележавме Адријан Гаџа, Угро, Ноне, Елена Петреска, Дадар, Григор Копров...), Елвир го промовираше деби-албумот „Опасно“, а премиера доживеа и неговиот нов видеоспот правен на темата која ја испеа на годинешново издание на „Макфест“ - „Некаде после два“.
„Знаете дека кога се вакви работи во прашање, имам мала трема. Ви благодарам што дојдовте да го прославиме заедно излегувањето на моето првенче“, рече Мекиќ, упатувајќи благодарност до медиумите, спонзорите и посебна благодарница до Јован Јованов, кој освен што е автор на песните на цедето, првпат се јавува и како режисер на новиот спот на Мекиќ, кој го реализираше продукцијата „Фабрика“.
На цедето се наоѓаат 10 песни од кои дел се познати, а дел сосема нови композиции. Од познатите се сместени „Нека те заборави“, фестивалските „Опасно“ и „Некаде после два“, а останатите се дело на проверениот авторски тандем Јован Јованов - Елвир Мекиќ. Како гости се појавуваат Маја Саздановска, Иван Јованов, Адријан Гаџа, Раде Врчаковски-Врчак... „Опасно“ излегува под капата на издавачката куќа „Мистер компани“ и може да се најде во сите музички продавници низ државава по цена од 300 денари. За сите свои фанови, Елвир Мекиќ в сабота во музичката продавница на „Мистер компани“ на првиот кат во ГТЦ, од 13 до 14 часот, најавува средба на која ќе дели автограми, а цедето ќе се продава по специјална промотивна цена од 200 денари.

(К.Ш.)
Весник, 08.11.2007, бр.2529

 

 

 
     
 
        Copyright © 2006 Mister Company