8/20/2022  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ВЕСТИ
 

11/9/2007
Опасниот Елвир!

 
Елвир Мекиќ - Фото: Н. Батев
 
"Опасно" е насловот на деби-албумот на Елвир Мекиќ, што веќе може да се најде низ музичките продавници низ земјава. Неговите фанови ЦД-то можат да го купат по цена од 300 денари, а в сабота во продавницата на Мистер компани во ГТЦ од 13 до 14 часот ќе добијат ексклузивна можност да го купат за поевтина цена и плус со автограм од Елвир.
Првенчето на Елвир, кој како што рече на завчерашната промоција во "Холидеј ин", во иднина планира посериозно да се занимава со оваа негова голема љубов - музиката, содржи вкупно 10 нумери. Дел од нив како "Нека те заборави" и фестивалските "Опасно" и "Некаде после два" се веќе чуени, а останатите се сосема нови и се дело на проверениот двоец Јованов- Мекиќ. Како десетта, бонус трака е ставен ремиксот на "Зошто е крај" дело на Иван Јованов. Гости на албумот се: Јован Јованов, Маја Саздановска, Иван Јованов, Адријан Гаџа и Врчак. Издавач и дистрибутер е дискографската куќа Мистер компани, а промотер Премиер продукција.
Уште една новина од Елвир е и видеозаписот за за макфестовската "Некаде после два", за кој кадрите се снимани на неколку локации во Скопје.

(А.Т.)
Вечер, 09.11.2007, бр.13645
Фото: Н. Батев

 

 

 
     
 
        Copyright © 2006 Mister Company