8/20/2022  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ВЕСТИ
 

4/9/2008
Вчера во хотел Континентал ромската кралица промовираше нов албум Есма ја пее Џелем, џелем во латино верзија

 
Есма со ново ромско ЦД
 
Вчера на 8 април, Светскиот ден на Ромите, во хотелот Континентал во Скопје (во 13 ч.) кралицата на ромската песна Есма Реџепова - Теодосиевска го промовираше своето ново ЦД, на кое овој пат има само со ромски песни. Новиот албум на Есма, насловен Ту ме џуне (или, во превод Ти и јас заедно) и содржи 12 нумери. На цедето има и две преработки на стари ромски мелдоии. Едната е познатата ромска химна Џелем, џелем, за која нов латино-аранжман направи синот на Есма, композиторот Симеон Атанасовски. Тука е и Калејака јака (Црни очи) , песна што Есма ја пеела пред 20 години и повторно со нов аражман. Изненадување за публиката е оригинална верзија на Одата на радоста, повторно со интервенција на Симеон Атанасовски. Албумот излегува под етикета на Мистер компани. На промоцијата, на која присуствуваа голем број новинари, гости и пријатели на Есма, таа на публиката и ја отпеа новата верзија на Џелем, Џелем.

Нова Македонија, 09.04.2008
М.Т.

 

 

 
     
 
        Copyright © 2006 Mister Company