Денес во 13 часот, во хотелот Континентал, кралица на ромската песна, Есма Реџепова - Теодосивеска ќе го промовира новото CD, овој пат со ромски песни.
Денот на промоцијата не е случајно одбран, бидејќи 8-ми април е Светски ден на Ромите.
Новиот албум на Есма, насловен Ту ме џуне (или, во превод) Ти и јас заедно, содржи 12 песни.
На цедето има две преработки на стари песни. Едната е познатата ромска Џелем, џелем, која што јас ја направив во нов, латино-аранжман, вели за Вест композиторот Симеон Атанасов. Другата е Калејака јака или Црни очи, песна на Есма стара 20 години. Во наш аранжман ќе ја слушнете и Одата на радоста, дополнува Атанасовски.
Албумот излегува под етикета на Мистер компани.
Македонска музичка мрежа, 09.04.2008
|