8/12/2022  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ВЕСТИ
 

4/9/2008
ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА РОМИТE Есма на своите им подари ново цеде

Кралицата на ромската песна, Есма Реџепова - Теодосиевска, вчера напладне, во „Континентал“, го промовираше новото цеде, овој пат со ромски песни, а по повод Осми април, Светскиот ден на Ромите. Албумот е насловен „Ту ме џуне“ („Ти и јас заедно“), содржи 12 песни, од кои две се преработки на стари песни. Едната е познатата ромска „Џелем, џелем“, која музичарот и композитор Симеон Атанасовски, главниот во групата на Есма, ја направи во нов, латински аранжман. А, пак, другата е „Црни очи“, песна на Есма стара 20 години. Во нов аранжман на цедето се наоѓа и познатата „Ода на радоста“. Албумот е објавен под етикета на „Мистер компани“, а ќе се дистрибуира само во земјава. -За Ромите се тврди дека се најталентираните пејачи, актери, уметници, мајстори. Тоа е точно, но тие се талентирани, буквално, за се, што е мошне очигледно, но мора да признаеме дека се ненадминливи во убавите песни и во веселбите - вели Есма, која ова цеде им го посвети на сите свои обожаватели, но најмногу на Ромите, по повод вчерашниот празник. Иако е навлезена во седмата деценија, таа е во врвна форма и од неа бликаат искри на животот. Само до крајот на ноември има закажано 70 концерти. - На 17 април патуваме за Холандија, на четири настапи, од кои едниот е во „Амстердам парадизо театар“, еден од најубавите на светиот, а другиот е во прочуениот „Опера театар“ во Ајнховен. Потоа имаме концерт во „Барбикен центар“ во Лондон и по летото продолжуваме низ Европа, открива Симеон Атанасов.

Време, 09.04.2008
Ва. Ѓ.

 

 

 
     
 
        Copyright © 2006 Mister Company