8/20/2022  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ВЕСТИ
 

4/9/2008
Есма со албум за Денот на Ромите

 
Новото ЦД во продукција на Мистер компани
 
Кралицата на ромската песна Есма Реџепова-Теодосиевска, по повод Светскиот ден на Ромите, вчера премиерно го промовира новиот албум со ромски песни „Ту ме џуне“ („Јас и ти заедно“), како и видеоспотот за насловната песна. На албумот се најдоа 12 композиции, меѓу кои две преработки на стари песни. Едната е познатата ромска песна „Џелем џелем“, која е направена во нов латино-аранжман, а втората е „Калејака јака“, песна на Есма стара 20 години. Како автор на две песни се јавува самата Есма, а останатите се на композиторот Симеон Атанасов. Цедето, кое беше испечатено во Австрија, може да се најде на продажните места на „Мистер компани“.
На вчерашната промоција во хотелот „Континентал“ присуствуваа многу пријатели, колеги и почитувачи на нејзината музика, меѓу кои Борис Трајанов, Калиопи, Зоран Џорлев, Бојан 13, Џаро. Присуствуваше и нејзината пријателка, познатата српска пророчица Клеопатра, која допатува специјално за оваа промоција.
Оперскиот пејач Борис Трајанов изјави дека Есма е голем пример за сите луѓе и претставува еден од најголемите амбасадори на музиката и хуманоста. Пред присутните гости Есма ја изведе својата позната песна „Џелем џелем“, а потоа следеше голем коктел.
Следните ангажмани на Есма се поврзани со соседството, поточно со концерт во мај во Грција.

Шпиц, 09.04.2008
Б.В.

 

 

 
     
 
        Copyright © 2006 Mister Company