8/20/2022  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ВЕСТИ
 

4/9/2008
ПРОМОЦИЈА НА НОВОТО ЦЕДЕ НА ЕСМА

 
Од промоцијата
 
"Ми се живее, уште сум гладна да пејам", рече Есма Реџепова-Теодосиевска на вчерашната промоција на новото цеде во хотелот "Континентал". Таа промовираше албум на ромски јазик "Туј ме дуј Џене", издаден од Мистер компани.
Есма ја отвори промоцијата со традиционалната ромска "Џелем, џелем". На нејзините пријатели не им требаше многу, па на нозе и со ракоплескање го проследија настапот. Во првите редови, кралицата по еден стих им посвети на нејзините пријатели: Калиопи, Борис Трајанов, германскиот амбасадор во Македонија Ралф Андреас Брет, Стојан Тренчевски, Амди Бајрам... Речиси за сите имаше простор да кажат по некој збор за неа: кој кусо, кој предолго. За Калиопи Есма како кума е богатство во нејзиниот дом. За Борис Трајанов, таа е амбасадор кој треба да го подржуваме. Амди Бајрам и заблагодари што промовира албум на Светскиот ден на Ромите. Водител на промоцијата беше Александар Блажевски. Премиерно го видовме и спотот за насловната песна изработен од "К-тим" продукција.
Како специјална гостинка, последна во салата влезе балканската пророчица Клеопатра, со огромна икебана од ружи.
Новото цеде на Есма е мултимедијално. Има 12 песни, еден чочек и видео презентација. Симеон Атанасов ја прероботи "Одата на радоста и "Џелем џелем" во латино аранжман. Есма е самата автор на две песни. Како следен нејзин план, таа ги најави настапите во Грција во мај, и нагласи дека на последниот концерт во Солун за прва песна ја избрала "Македонско девојче".
Промоцијата продолжи со коктел со традиционални македонски специјалитети.

Вест, 09.04.2008
М. Џаровска
Фото: Г.Чочков


 

 

 
     
 
        Copyright © 2006 Mister Company