8/20/2022  
 посетител бр.:
 
МУЛТИМЕДИЈА
КОМПЈУТЕРИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДОДАТОЦИ
ПРИКЛУЧОЦИ И КАБЛИ
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ДОДАТОЦИ
КОМПАКТ ДИСКОВИ
ДВД ВИДЕО
ИГРИ, СОФТВЕР И ДОДАТОЦИ
МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДОДАТОЦИ
 
 
2/14/2011  
Татјана Лазаревска нај пејачка во Битола
11/3/2009  
ОДБЕЛЕЖАН 25-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ - Валандовски мераци
11/3/2009  
Фолк фест Валандово го прослави сребрениот јубилеј


Најголем избор на ЦД и ДВД во Република Македонија.

МИСТЕР КОМПАНИ, ГТЦ I кат, Скопје



ВЕСТИ
 

12/11/2008
Саманта како од мајка родена

 
Саманта со нов албум
 
Во опуштена атмосфера во кругот на најблиските пријатели и соработници, прексиноќа во "Ден и ноќ" Лидија Милошевиќ алијас Саманта го промовираше третиот албум насловен "Како од мајка родена". Специјалното издание со потписот на продукциската куќа Мистер компани содржи десет нумери, а сосе буклетот е меѓу првите ексклузивни дигибук пакувања кај нас. Дел од албумот, што според соработниците на сексапилната фолкерка е ехо на нејзиниот темперамент, се темите "И сака", "Ден последен", "Љуби ме лудо", "Мамино синче", а меѓу соработниците покрај проверениот тим кој се грижи за нејзиниот стајлинг се и Антонио Ивановски (Биоритам), Љупчо Василевски, Дамир Имери...

"Направивме албум кој не е класичен фолк. Не е турбо-фолк, ниту поп туку урбан-фолк", ни рече Саманта, откривајќи дел од плановите во кои е јасно зацртано оти материјалот мора да се преработи и за српскиот пазар. Албумот е комплетно снимен во студиото Анастасија и многу скоро ќе може да се најде на музичкиот пазар.

Вечер, 11.12.2008, бр.13974

(А.Т.)
Фото: Д.Андоновски

 

 

 
     
 
        Copyright © 2006 Mister Company