Академското културно уметничко друштво "Мирче Ацев" сними ексклузивно издание на дивиди "Песни и игри", со кое ќе го прослави 60. роденден. Покрај ова, по повод јубилејот продукциската куќа "Мистер компани" ќе издаде и двојно цеде и дивиди, со истиот наслов како најновото, а ќе направи и реиздание на цедето "Ора и песни". Промоцијата е денес напладне во салата при Ректоратот на универзитетот "Св. Кирил и Методи" во Скопје.
На промоцијата ќе бидат дел од членовите на АКУД "Мирче Ацев", но и неговиот оркестар со кој ќе изведат дел од ората на албумот.
(В.М.)
Вест, 25.02.2009
|