Поп - пејачката Верча Пандиловска во соработка со "Мистер компани" подготвува нов тираж на нејзиниот последен албум "Бело знаме", но и ново дивиди издание со сите нејзини досегашни спотови, 14 на број.
- Бидејки моите спотови се високобуџетни, заслужуваат да бидат издадени посебно и тоа во луксузно пакување. Друго што подготвувам е аудио албумот "Бело знаме" кој ќе се продава во пакет со спотовите на дивиди. И тоа ќе биде во луксузно пакување и не е наменето само за македонскиот пазар туку и надвор од државата, како што се Австралија и Америка и во западните земји каде живеат нашинци, вели Верче.
(В.М.)
|